РКЕ тукушто ги објави новите – повторно зголемени – цени на горивата.
Малопродажните цени на горивата се зголемуваат. ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 поскапуваат по еден денар, па еден литар од овие горива ќе чини 64.50, односно 66.00 денари.
Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) oд полноќ ќе изнесува 55,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 44,00 ден/лит.
Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат до следната пресметка.