Инаку, како што е познато, јануарските сметки за парно на граѓаните ќе им бидат повисоки за 14 проценти.
„Побаравме од снабдувачите со топлинска енергија да донесат решенија кои ќе соодветствуваат со фактичката состојба утврдена на терен при извршената проверка, откако потрошувачите се пожалија дека имаат пониска температура или радијаторите им се ладни. Согласно правилникот, снабдувачот е должен да донесе решение со кое ќе се коригира сметката, во зависност од тоа колку отстапува температурата од онаа што е пропишана“, наведуваат од регулаторната комисија.
Инаку, овој месец државното акционерско друштво ЕСМ го презеде управувањето со БЕГ, односно отсега натаму тие ќе бидат одговорни за снабудувањето со топлинска енергија. Овој договор важи до 31 јануари, по што ќе треба да се направи и нов за следниот месец, односно и за февруари.