Шабан Шаулиќ наводно има уште еден вонбрачен син кој се вика Марко Јовановиќ и живее во Детроит.
Според пишувањата, момчето има 37 години и одлучил да го побара својот дел од наследството на починатиот пејач.
Вонбрачниот син на Шабан, Роберт ја потврди оваа вест.
„Точно е, слушнав дека имам брат во Америка.Ако е точно дека е син на Шабан, јас со задоволство ќе прифатам. И јас сум вонбрачно дете и знам како е кога си отфрлен“ вели Роберт.
Изврот кој го познава Марко вели дека порано не се огласувал во медиумите бидејќи неговиот очув има добра професија и не сака да се занимава со тоа.
„Јас го познавам бидејќи соработувам со неговата фирма во Детроит. Во една прилика почнавме да разговраме за Србија и тој ми кажа дека Шабан му е татко“ вели изворот и додава.
„Тој е богато момче, но кога се појави приказната за милионите на Шабан, па кога се појавија приказните за сметката во Германија, Марко сака да се бори за она што го следува.Сака се да биде по закон. Планира да дојде во Србија и да направи ДНК тест бидејќи не верува на мајка му“ вели извор за Скандал.
ПР службата на семејството Шаулиќ нема коментар на овие пишувања.