Роберт Саздов во Солун докажувал дека Панки е познат пејач во Македонија

ИЗВОРСкопје24
|

Роберт Саздов се појавил како сведот на првото судење на колегата од „Куку леле“, Сашо Каимовски – Панки. Пред грчкиот суд во Солун, Саздов донел докази дека е познат пејач во Македонија.

Морав да однесам насловни страници, да покажам телевизиски емисии, гостувања и што ли уште не, бидејќи само спотовите од „Јутјуб“ не можеле да помогнат во одбраната на Панки, рекол Саздов во телефонскиот разговор со екипата на „Ексклузив“.

Панки беше уапсен на граничниот премин Евзони при обид за влез во Грција пред десетина дена, поради европска потерница распишана пред 13 години од страна на германските власти, за учество во мрежа која крадела податоци од банкомати.

Според потерницата, 52-годишниот осомничен, во 2006 од два банкомати во Минхен, украл податоци и лозинки на кредитни и дебитни картички со поставување на микроскопски чипови што ги снимале податоците и со поставување на дополнителна тастатура.

Заедно со уште две лица со украдените податоци правеле картички – клонови и подигале пари во различни земји, предизвикувајќи штета од над 1.3 милиони евра, од кои над 200 илјади само во Германија. Мрежата била активна и во Македонија, Грција, Италија, Франција и Бугарија.

Според АНА-МПА, уапсениот бил изведен пред јавен обвинител во Солун, а во следниот период надлежниот суд ќе одлучи дали 52-годишниот ќе биде екстрадиран во Германија или не, јави претходно дописничката на МИА од Атина.