Рочиштето Врањеш – Карлеуша: Пејачката не се појави на суд- адвокатите ја открија причината за отсуството

ИЗВОРСкопје24
|

Фудбалерот Огњен Врањеш денес се појави во Првиот сосновен суд во Белград каде почна судењето по тужбата која ја поднесе против Карлеуша, додека пејакчата не се појави на споменатото рочиште.

Во моментот додека траеше, Јелена се огласи на Инстграм и објави фотографија од својата мајка Дивна, која го напушти овој свет на 3-ти март годинава, по тригодишната борба со р*к на белите дробови.

-Јелена денес не се појави на суд. Приложила пос*ртница за мајка си и рекла дека тоа е причината поради која нема да се појави на суд. Не поминале четириесет дена откако замина нејзината мајка, така што рочиштето е одложено и закажано за 22-ри април, велат адвокатите на Врањеш за српски Блиц по излегувањето од судот.

По заминувањето на Дивна, Карлеуша се повлече во медиумска илегала и никаде не се појавуваше, дури не беше дел од жирито на „Ѕвездите на Гранд“.

Наместо неа се најде нејзината пријателка и која и помага со кандидатите Ивана Петерс.

Меѓутоа, пред некој ден Јелена се врати во студиото на „Гранд“ кога се влечеше ждрепка за дуелите и кој кандидат против кого ќе настапува.

Иако, многумина помислија дека Јелена се врати на секојдневните обврски, не е така.

Таа на крајот на емисијата истакна дека нема да биде дел од музичкото шоу, но дека ја имаат Ивана и дека веќе го знаат победникот.

„Само да се обратим на моите кандидати, јас неверојатно нема да бидам тука за вас, но тука е мојата драга Ивана која е тука за вас. Јас знам дека ги одбрав најдобрите, дека ќе стигнеме до финале и знам дека имаме победник, го чувствувам тоа“ изјави Карлеуша.

Видеото погледнете го ТУКА.