Денес му е роденден на еден од славните БИТЛСИ

|

Ринго Стар наполни 80 години.

Тапанарот Ринго Стар беше во сенка на брилијантните колеги. Можеби неговиот балансиран карактер го држеше целиот бенд заедно – или барем нивната музика. Ринго наполни 80 години на 7 јули.

Песните на Битлси е тешко да се замислат без тапаните на Ринго Стар.

Интересно е што Ринго Стар не беше ценет само во неговиот бенд. На прашањето дали Ринго Стар е најдобриот тапанар на светот, Џон Ленон еднаш изјави „Тој не е ни најдобриот тапанар за Битлси“.

Колегите сакаа да се шегуваат и на сметка на  неговиот понекогаш незгоден изглед. Интересно е што зборовите на Ринго, се претвораа во наслови и текстови на песните на БИТЛСИ па така, после исцрпувачкиот ден во студиото, Ринго изјавил дека е „тежок ден“ – кога забележал дека веќе е вечер и додал „вечер“ а Ленон и Макартни тоа го искористиле за нумерата „A Hard Day’s Night“

Ринго Стар имал улога на громобран во групата: стоејќи со двете нозе цврсто на земја, тој бил во можност да ја избалансира огромната напнатост помеѓу двата креативни умови Ленон –Макартни.

Роден е во Ливерпул во 1940 година како Ричард Старки, Ринго се придружува на групата во 1962 година како наследник на Пит Бест, непосредно пред избувнувањето на „Битлсманија“.
Неговото училишно образование било ограничено на околу пет години.
По крајот на Битлси во 1970 година, Ринго Стар не се снашол најдобро, потонал во алкохол од кој се ослободил во доцните 80-ти.
Тој продолжува да снима албуми и до ден денес со Ол-Стар бендот.

Интересно е што Ринго ги слави своите родендени со големи забави на кои се пристуни и 100 фанови и се изведуваат негови и нумери од неговите пријатели, а таквата традиција започнала во Хард Рок Кафе во Чикаго во 2008.
Сепак оваа година тој изјави дека прославата ќе се одвива онлајн и ќе биде од хуманитарен карактер.