На фејсбук страницата „Здравје со игла не влегува“, која има над 5.600 подржувачи, осамна отворено писмо, посветено на министерот за здравство Венко Филипче. Во писмото, родителите на невакцинирани деца, се закануваат дека ќе повикаат на граѓанска непослушност, односно дека нема да плаќаат данок, а најавија и дека ќе отворат градинки и училишта, кои ќе можат да ги посетуваат нивните деца.
Во продолжение ви проследуваме дел од отвореното писмо, од кој дел е избришан, поради навредлива содржина:
-Во недостиг на вистински податоци од регистрираните случаи на морбили конкретно и релевантно анализа на генотипот на вирусот на морбили, можеби на тој начин успешно го криете фактот дека за вашата епидемија се виновни токму вакцинираните индивидуи и дека “епидемијата“ ви е вакцина – индуцирана.
Заинтересирани сме исто и за фактот како ќе го оправдате вашето фашистичко кршење на човековите права и тоталното лудило пред Европа и Стразбур кон кои демек се стремите?
Во целата европска унија вакцините се иклучително право на избор на родителот, воедно и ви честитаме на најголемиот правен гаф и преседан достоен за светските насловни страници.
Ја искористуваме приликава исто да објавиме и повикаме на граѓанска непослушност: ние – родителите на невакцинирни деца од вашата фашистичка Македонија повеќе нема да ви плаќаме данок, нема повеќе да ги користите нашите пари за милионските тендери за купување најевтни ѓубриња од вакцини. Нема повеќе да ви дозволиме да ги користите нашите сопствени пари за наше угнетување!
Ќе покрениме и ќе се ангажираме во изготвување на проект и бизнис планови за отварање на Валдроф градинки и училишта во Македонија, каде дечињата не се малтреирани од вашите фашистички војници, туку нежно се работи на развивање на нината личност и вистински спообности. Каде не се хранети со вашата отровна процесирана храна туку со органски произведено овошје и зеленчук!, се наведува во писмото.