Голем број деца кога ќе наполнат пет или шест години почнуваат да ги грицкаат ноктите или таа навика се создава во адолесценцијата, па родителите се сомневаат дека нивното дете има некои проблеми.
Сепак, често нема причина за страв, затоа што оникофагијата, како што се вика нарушувањето на контролата врз импулсот, односно грицкањето нокти, може да биде куса фаза, позади која стои досада или замор.
Доколку, пак, се забележите дека трае подолго време, тогаш станува причина за загриженост и потребно е да се побараат причините.
Една од причините може да биде несигурност или неснаоѓање со врсниците кога детето се повлекува во себе, не знае како да се постави во друштвото, се плаши дека ќе го осудат што и да рече или направи. Поради тоа е важно да го следите како се однесува и да работите на зајакнување на неговата самодоверба.
Грицкањето нокти често е и последица на стрес, грижи околу оценките, притисок поради многу обврски, вљубување. Доколу тоа прерасне во опсесивна навика, која околу ноктите создава црвенило, сериозно поразговарајте со детето или консултирајте експерт, за да дознаете што го мачи.
Детето може да има недостиг на внимание, да биде хиперактивно или опсесивно-комулсивно. Во секој случај не треба да пуштите проблемот да се реши сам од себе.