Движењето организирано од група родители „Поддршка за онлајн настава“ најавија прес конференција за утре пред Владата на која ќе побараат второто полугодие да започне со онлајн настава.
Во моментов имаме нагорна линија на позитивни лица, па сметаме дека нема услови за настава со физичко присуство во тесни училници, не почитување на протоколи, нетестирање на ученици и персонал, отворени прозорци во зимски услови, поради што за кратко време ќе се доведат во опасност голем број на семејства.
Бараме, најитно Министерството за здравство, заедно со Министерството за образование и наука во контекст на Владата на РСМ да донесат одлука со која второто полугодие ќе започне со онлајн настава за сите ученици. Според здравстевните стручњаци пикот на епидемијата ќе се случи на почетокот на февруари, а здравјето е приоритет на секоја држава. Посебно здравјето на децата, хроничо болните и повозрасните кои се најчести жртви на оваа болест, велат од движењето.