|
Двајца мажи се удавија во буре вино во винарија каде што работеле во северна Шпанија.
Локалните медиуми јавуваат дека Герадо Хубеира (60) се лизнал и паднал во буре со вино додека ја проверувал ферментацијата во семејната винарија во неделата.
На помош му дошол неговиот зет Феликс Креспо (61), чие семејство е сопственик на винаријата. И двајцата починале, откако претходно беа заплиснати од силните испарувања од бурето.
Во блиската болница е хоспитализиран 31-годишен неименуван маж, кој проголтал од отровните испарувања.
Локалниот градоначалник рече дека сите ќе се обидат да му помогнат на членот на семејството и дека заедницата е шокирана од смртта на две познати лица.