Фудбалерот Кристијано Роналдо заедно со неговата девојка Георгина Родригез слетале на аеродромот „Ќилипи“ во Дубровник , а потоа се сместиле во вила во која ноќевање чини 7.000 евра. Таму славниот фудбалер ги поминува велигденските празнични денови.
Во истата вила, наречена „Шехерезада“, престојувале и познати актери како што се Џејми Фокс, Елизабет Тејлор, Ричард Бартон и Софија Лорен.
Георгина на Инстаграм веќе се пофалила со фотографии од апартманот.
Третманот каков што оваа двојка го добила во Дубровник не го добиле ниту најголемите државници во свето.
И додека не така одамна најмоќната жена во светот Ангела Меркел пропешачила од Плоче до Кнежев двор, а пред неа исто така и американскиот потпретседател Дик Чејни, како меѓу многубројните моќници на светот и британскиот принц Чарлс, Роналдо и неговата девојка Георгина во црно комбе со затемнети стакла ги донеле до самата врата на ресторанот во градските ѕидини.
Освен на Роналдо, во поновата добровничка историја таков третман му бил пружен единствено на папата Иван Павле Втори, пишува „Дубровачки вјесник“.