Романо Проди: Македонија е подготвена да стане членка на ЕУ

ИЗВОРТелма
|

Македонија е подготвена да стане членка на Европската унија, вели поранешниот претседател на Европската комисија Романо Проди, кој беше во Македонија за да ја прими Светската награда за хуманизам за 2019-та година што ја доделува Охридската академија на хуманизмот. Романо Проди е италијански економист и политичар, премиер на Италија во периодот од 1996-1998 и од 2006 до 2008. Проди беше претседател ма Комисијата од 1999-та година до 2004-та година, период кога Унијата се прошири со десет нови членки.

Сега не сака многу да зборува за Договорот за името, но вели Македонија треба да стане членка на Унијата.

Со Проди разговараше Марија Дивитарова.