Милијардерот деновиве споделил 10 совети кои ги извлекол од сопствениот живот. Тој советува да се откажете од следните 10 форми на однесување и на тој начин да се ослободите од секојдневните проблеми, за да бидете емотивно среќни.
1. Не носете избрзани заклучоци
Оваа навика може да ви го направи животот лош на два начина. Прво, веруваме дека знаеме што ќе се случи, па вниманието и делата ги насочуваме кон таа претпоставка. Другата страна на оваа навика е тоа што веруваме дека умееме да читаме мисли и да знаеме зошто другите луѓе го прават тоа што го прават. Повторно, погрешно.
2. Не драматизирајте
Луѓето честопати се склони кон преувеличување и од малите успеси прават големи катастрофи. Зошто го прават тоа? Којзнае, можеби да се чувствуваат дека се важни? Во секој случај, станува збор за нешто глупаво.
3. Не измислувајте правила
Голем дел од оние „морам“ и „неопходно е“ всушност се потполно бескорисни, само си внесувате нервоза и чувство на вина. А зошто?
4. Одбегнувајте етикети и стереоптипи
Зборовите кои ги користите ве дефинираат. Јазикот на негативноста и критиките генерираат и таков начин на размислување. Трудејќи се да ги сместите појавите и луѓето во категории, ја губите способноста да го сфатите нивното вистинско значење.
5. Не бидете перфекционисти
Животот не е само црно-бел, ниту пак се заснова врз паролата „сѐ или ништо“. Во поголемиот дел од случаите, „доволно“ всушност е сосема доволно. Ако барате совршена работа, веројатно никогаш нема да ја најдете.
6. Ништо не генерализирајте
Да паднете еднаш или два пати, тоа не е знак на вечен неуспех. Исто така, ненадејниот успех нема да ве претвори во гениј. Секој настан, лош или добар, па ни два, три, не се правило. Запомнете засекогаш – во животот кругот на среќата или несреќата секогаш се врти!!!
7. Ништо не ставајте при срце
Поголемиот дел од луѓето, вашите пријатели и колеги, не говорат, не мислат и не се грижат за 99% од своето време. Многу соседи и колеги не ве познаваат, ниту имаат желба да ве запознаат. Затоа, што и да слушнете, ништо не ставајте при срце. Тие луѓе немаат ништо со вас, а ни вие со нив.
8. Не им верувајте на емоциите
Она што го чувствувате не е секогаш знак за она што се случува. Изворот на емоции честопати може да биде замор, глад, иритација, носот кој тече, што и да е. Без разлика дали се чувствувате добро или лошо, тоа нема ништо да промени. Емоциите можеби се точни, но не ја прикажуваат вистината.
9. Одбегнувајте апатија
Трудете се секогаш да бидете оптимист. Не паѓајте во очај што и да е. Ако очекувате лоши работи во животот и на работа, ќе ви се случат, бидејќи тоа е такво некое непишано правило. Барајте и ќе најдете нешто позитивно и кај луѓето и кај вас самите.
10. Престанете да живеете во минатото
Ова е најважниот совет од сите – заборавете го минатото и живејте сега! Животот е кус. Нашиот бес, разочарување, несреќа и очај најчесто доаѓаат од проблемите во минатото, навредите од луѓето кои како такви треба да ги избришете… Што повеќе се враќате во минатото, сѐ полошо ќе се чувствувате. Заборавете го минатото, живејте ја сегашноста, ако можете планирајте ја иднината!