Ромео и Јулија на македонската политика: Ја откажале свршувачката бидејќи семејствата им биле за различни партии

ИЗВОРФокус
|

Имав пациенти свекор и свекрва. Дедо и баба. Дојдоа зашто свршувачката на нивните внуци се одложила. Семејствата се раскарале. Едното било за една политичка партија, другото за друга. А високо образовани. Интелектуалци. Од Скопје.

Ова е само еден од многуте примери кои покажуваат колку политиката се одразува врз нашето живеење и колку се всушност луѓето оптоварени со политичките случувања. Зголемен е бројот на болни, на лица што страдаат поради ситуацијата во земјава. Поделбите се сè почести, сè поголеми. Притоа, не се поштедени ниту најмалите, вели д-р Љубинка Дамјановиќ, специјалист психијатар во ЈЗУ Здравствен дом Скопје – Скопје.

Праксата покажува дека семејствата се поларизираат, некои од нивните членови стануваат непријатели или се гледаат како непријатели. Не се сакаат, се избегнуваат. Ако некој е симпатизер на една партија, а друг на друга, се случува да не се канат на свадби, имендени.

Причините за овој своевиден феномен, д-р Дамјановиќ ги лоцира, пред сè, во слабата економска моќ на граѓаните, но и во менталитетот, како и во секојдневните информации што ги пласираат медиумите и посебно социјалните мрежи каде што секој, нагласува, може да напише што сака.

– Влијанието на политиката не прави разлика меѓу возрасни и деца, интелектуалци и необразовани. Загазуваме сè подлабоко. Поради честите избори е евидентна константна несигурност. Не може да се оди напред. Луѓето не можат да си го планираат животот. Всушност, животот го планираат зависно од тоа која партија е на власт. Кога ќе дојдат во ординација ја нагласуваат неможноста да најдат работа, да напредуваат во струката. Велат, ако се партиски неопределени, тешко наоѓаат работа. Ако се, пак, определени, остануваат без работа или не можат да напредуваат зашто се сменила партијата. Тоа ги фрустрира, ги прави анксиозни, истакнува докторката.

-Причината е повторно неможноста за работа. Некој не добил решение, се намалил бројот на лица што примаат, дома ситуацијата ескалира поради немање пари и спасот се гледа во лекови или во одземање на животот. Луѓето чувствуваат како да се во безизлезна ситуација, животот им изгледа многу потежок отколку неговото губење. Некои, пак, преминуваат во зависности како што е алкохолот, вели д-р Дамјановиќ.

Манипулирање и ангажирање на децата во политички активности

Според неа, просечен Швајцарец не знае кој му е премиер. Ниту го интересира. Кај нас и малите деца во градинка слушнале за Груевски и Заев.

-Многу од родителите се дури и горди на тоа. Тие, практично, ги рефлектираат своите размислувања и однесувања врз децата, што апсолутно не е во ред. Децата треба да бидат деца. Да читаат книги, да играат кошарка, да тренираат, да одат во кино, да се дружат со другарчињата… Наместо да се насочат на учење и дружење, децата денес се политизирани и стануваат сè поагресивни. Се делат на едни спроти други. Едни, на пример, се „шарените“, други оние од „другата страна“. Меѓу себе не зборуваат, не комуницираат. Се двојат, посочува Дамјановиќ.

Целиот текст прочитајте го на Фокус ТУКА.