Таа е најдобра во својата професија, а тој најдобар во својата област, а некогаш заедно беа најдобри во брачниот живот.
Калиопи важи за една од најдобрите македонски вокали кај нас, а нејзините песни се хитови кои ќе останат засекогаш и кај идните генерации.
А кога Опи твори и создава музика тоа го прави со веќе добро проверниот тим,односно нејзиниот продуцент Ромео Грил.
Грил има направено неколку песни за македонската пејачка кои се безвременски хитови, а не се сомневаме дека така ќе биде и со новата песна или албум.
Неколку пати досега Калиопи истакна дека со Ромео одлично се согласува и дека тој знае да и ги направи најдобрите песни.
Деновиве Опи на социјалните мрежи сподели фотографија од неа и Ромео во нејзиниот дом и напиша:
„Многу специјални и креативни денови во Македонија, со мојот продуцент Ромео Грил“ напиша Калиопи.
Дали Опи ќе ги израдува фановите со некоја нова песна и се „крчка“ нешто ново останува да видиме, а кога се тие во прашање како тим веруваме дека нема да има утка.
За потсетување, Калиопи беше во брак со Ромео со кого го има синот Грил.
Извор: Вистина.мк