Роналдо славеше роденден: Само овој клуб го игнорираше неговиот роденден

ИЗВОРСкопје24
|

Кристијано Роналдо вчера наполни 34 години, од Реал Мадрид се пресели во Јувентус каде игра одлично, сезонава на 22 натпревари постигна 17 голови на што придодаде и 7 асистенции.

Роналдо кај Реал Мадрид настапи на 438 натпревари и постигна 450 голови, тој е најдобриот стрелец во историјата на клубот, но тоа е недоволно „кралевите“ да му го честитаат роденденот.

Спортинг каде ја започна кариерата и Јунајтед каде се потврди како играч од екстра класа на сите социјални мрежи му го честитаа роденденот.

Реал Мадрид тоа не го направи, причината е непозната.

Најавено е инаку Португалецот Кристијано Роналдо да дојде во Македонија, ова го најави Сефер Цаноски, сопственикот на ФОН Универзитетот на својот Фејсбук профил.

“Конечно, по девет години, прифати да биде гостин на ФОН Универзитет. Наскоро, најдобрите на едно место”, пишува под фотографијата на која Цаноски е фотографиран со Роналдо.

Конечно, после 9 години прифати да биде гостин на ФОН универзитет… Наскоро… најдобрите на едно место …

Gepostet von Sefer Canoski am Dienstag, 5. Februar 2019

Засега нема точен датум кога Роналдо ќе дојде во Македонија и тоа дополнително ќе биде објавено. Ако се оствари оваа најава на Цаноски, Роналдо третпат би дошол во Македонија. Првиот пат беше со младинската португалска репрезентација на меч Македонија во јуни 2003 година, а вториот пат преклани, на Супер-купот на УЕФА кога играа Реал Мадрид и Манчестер.