Направете вкусни розен колачи кои никого нема да остават рамнодушен. Верувајте, вкусот е незаменлив, а се прават брзо и лесно.
СОСТОЈКИ: 1 пакување кори за розен торта 400 гр мелени ореви 2 дл вода 200 гр шеќер 250 гр маргарин 200 гр шеќер во прав 3 лажици вода 1 лажица сок од лимон 1 лажица масло 1 розова боја за колачи
ПОДГОТОВКА: На оган се става шеќерот со водата да проврие, па се остава додека не се растопи целосно. Се додава маргаринот, па мелените ореви. Се трга од оган и се меша додека не се соедини. Корите се филуваат во тенки слоеви, по 4 лажици на кора, и се редат една врз друга. Последната не се филува. Се ставаат во ладилник 3-4 часа. Се спрема глазурата. Шеќерот во прав се меша со вода, лимонов сок и со маслото. Може да се додаде и розе бојата за колачи. Премачкајте ги колачите со оваа смеса.
Уживајте!