Ни случајно да не го пренесувате Вардар. Може не дај Боже да се зајакне националното чувство!, напиша на фејсбук Рубенс Муратовски, актер и жесток навивач на Вардар.
Ракометарите на Вардар вечра вечер се пласираа во второто финале на ЛШ и денеска ќе се сретнат со унгарски Веспрем за титулата. Ниту една македонска телевизија оваа сезона, вклучувајќи го и фајанл-фор турнирот кој се одржува во Келн, Германија, не вршеше директни преноси од настапот на македонскиот тим во најквалитетната европска ракометна Лига.
Само оние кои имаа Арена 2 на своите кабелски оператори се радуваа на играта и успехот на Вардар, а останатите се мачеа со линкови на интернет.
Огромниот успех на ракометарите на Вардар предизвика еуфорија во нашата земја, па градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов најави масовно гледање на финалето на вио бим на плоштад.
Градот Скопје, на нашиот плоштад на видео бим организира заедничко следење и бодрење за новиот триумф на Вардар и неговата нова европска шампионска титула. Ајде масовно сите на плоштад. Еден е Вардар!!! Едно е Скопје!!!, повика Шилегов.