„Руби“ се снима повторно: Која актерка е фаталната жена овојпат? (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Мексиканската продукција на теленовели, популарната „Televisa“, веќе неколку години живее од преработки на старите успешни серии. Така најавија и снимање на „remake“ на сапуницата „Руби“.

Сите ја знаеме приказната за младата и амбициозна девојка која ја користи својата убавина за да се пробие и да постигне финансиски профит и подобар општествен статус. Иако ја запознава љубовта на својот живот- сиромашниот Алехандро, Руби се одлучува да го преземе богатото момче Хектор, на својата пријателка Марибел. Така Руби се мажи за пари, но со моќта и дизајнерските парчиња, за неа и Хектор следуваат несреќни времиња.

Оригиналната приказна за Руби всушност е роман на авторката Јоланда Варгас Дулче. Првата верзија на серијата е снимена на почетокот на седумдесеттите години од минатиот век, а најпопуларната верзија е фефинитивно онаа од 2004-та година во која глумеа убавицата Барбара Мори во друштво на преубавите мексикански актери Себастијан Рулиј и Едуардо Сантимарине.

Овојпат во улогата на фаталната Руби, ќе се најде младата и надежна Камила Соди, која ја потврди оваа вест и на својот профил на Инстаграм.

Во серијaта ќе се појави и Едуардо, кој го глумеше Алехандро, но како татко на еден од главните ликови.

– Ми недостига некоја година, па ми можел да глумам и нечиј дедо- изјави познатиот 50-годишен актер.

Мексиканските новинари раскажуваат дека Камила во улогата се снајде одлично и е како сенка на Барбара Мори, која по Руби имаше бурен живот, се избори со ракот, а сега изгледа одлично и веќе е баба.