Ручек од рерна готов за 25 минути: Пекарски ѓувеч

|

Пекарски ѓувеч – вкусен ручек од рерна готов за само 25 минути.

СОСТОЈКИ: 6 компири, 250 гр мелено месо, 1,5 шолја ориз, 1 главица кромид, морков, сув зачин, бибер, 1 конзерва сечкани домати, 1 лажица доматно пире. 

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Во тенџере издинстајте исечкан морков, додајте месо, бибер, зачин. Кога месото ќе биде издинстано додајте сечкани домати и доматно пире. Излупете компири и исечете ги на парчиња. Во огноотпорен сад наредете ред компири, преку ставете исчистен ориз и посолете. Преку оризот додајте издинстано месо со кромид и морков, а потоа од горе повторно наредете компири. Прелијте сè со вода така што водата ќе го прекрие компирот. Од горе прекријте со фолија и ставете во рерна да се пече околу 20 минути на 200 степени. 

Добар апетит!