|
Доколку немате идеја за денешниот ручек, ви предлагаме да ги подготвите овие вкусни тиквички во рерна
Состојки: 4 тиквички, малку сол и зејтин.
Фил: 1 црвена пиперка, 1 домат, 150 гр. сланина, 150 гр. сирење, 100 гр. рендан кашкавал, 3 јајца и путер.
Подготовка: Тиквичките исечете ги на половина по должина и излупете ги. Посолете ги и ставете малку зејтин. Потпечете ги во рерна околу 10 минути.
Наполнете ги со сите состојки од филот и печете на 180 степени окоу 20 минути. Потоа одозгора ставете го ренданиот кашкавал и вратете во рерна да се запече. Добар апетит!