Ручек на модерните домаќинки: Потребни ви се само 30 минути

ИЗВОРНов Лист
|

За овој ручек потребно ви се три состојки и половина час.

Потребни состојки: 500 гр. пилешко; 1 л. павлака за готвење; 2 кеси супа од печурки.

ПОДГОТОВКА: Се става исеченото пилешко во плех или огноотпорен сад, се става супата од кесе и се става павлака. Се пече на 200 степени додека не порумени убаво. За помалку од половина час имате ручек без мака на трпеза.

Во продолжение уште еден рецепт кога не ви се готви по работа, ручек готов за 15 минути.

Потребни состојки: 500 гр. пилешко; 4 лажици путер; 1 кромид; 150 гр. печурки; 1 коцка супа; 1 лажица брашно; ½ сок од лимон и магдонос.

ПОДГОТОВКА: Се сече месото ситно се ставаат зачини по избор. Се става половина путер во тава, па пилешкото, а потоа во истата тава се пржи и кромидот со сечени печурки. Се динста и се става и супата, со брашно и сок од лимон. Се додава магдонос и се крчка 15 минути.