Во зима но и во другите периоди од годината најмногу ни се потребни супи и чорби кои го штитат и поткрепуваат телото.
Направете вкусна, здрава и топла чорба од зеленчук по следниот рецепт:
СОСТОЈКИ: 1 компир 1 морков 1 главица кромид 1 пиперка 2 л вода 1/2 л доматно пире магдонос сол 2 лажички вегета.
ПОДГОТОВКА: Се мие и сече зеленчукот ситно, па се става во вода за да се сварат сите состојки.
Пред да бидат готови се става доматното пире, зачините и магдоносот. Се трга од оган и се послужува топло. На здравје!