Серија и филм ќе се снимаат за научникот Никола Тесла, а минатата година тој проект бил претставен во Кан, а истиот го поддржал и министерот Дадиќ.
Актерот и продуцент Милош Биковиќ денес во Санк Петербург го потпишал протоколот за соработка во проектот „Тесла“ со руската Национална медија група во присуство на министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ. Таа компанија е подготвена да вложи во филм и серија за Никола Тесла, најмналку два милиони евра.
„Договорот е потпишан во рамките на економскиот форум „SPIEF“, со “ќерката“ на фирмата на руската компанија – „STF“ телевизија, која има повеќемилионска публика, а позната е по серијата „Кујна““ – изјавил Биковиќ за новинарите.
„Сега отидовме чекор понапред и најдовме партнер во Русија кој е подготвен да вложи најмалку два милиони евра во тој проект. Така што со гордост можам да кажам дека за една српска тема, како што е животот на Никола Тесла успеавме да ги анимираме компаниите да инвестираат во нашата култура“ – изјавил тој.
Биковиќ изјавил дека проектот „Тесла“ ќе биде меѓународен, а не само за српскиот и рускиот пазар, така што ќе биде направен на англиски јазик.
„Светот да нè памети како земја која го даде најголемиот “мозок“ и првиот ИТ-експерт во светот, а не на некој погрешен начин“ – изјавил Биковиќ.
Вели дека проектот моментално е во фаза на разработување, односно предпродукција и дека се бараат автори кои работеле на топ серии во големата западна продукција.
„Целта ни е да биде во формат за познатите платформи кои ќе станат наши партнери“, додал Биковиќ.
Тој изјавил дека изработувањето и пишувањето на овој проект ќе трае најмалку една година, а произведувањето уште толку, така што овој проект нема да биде објавен уште две години.