Патријархот московски и на цела Русија, Кирил, изрази задоволство за како што рече, крајот на долгогодишната разделба и враќањето Македонската православна црква во канонско општење со СПЦ, оценувајќи го како значаен историски настан. Автокефалноста на МПЦ-ОА од страна на СПЦ, беше тема на разговор на синоќешниот состанок на Светиот синод на Руската православна црква.
Ќе ве информирам за еден добар и важен историски настан, обновувањето на комуникацијата меѓу Српската патријаршија и Охридската архиепископија, за која како што знаете беше во долг раскол, која што конечно заздраве. Сите помесни цркви ќе бидат информирани и повикани да го изразат својот став околу тоа, рече рускиот патријарх Кирил.