Руско МНР му возвраќа на американскиот заменик државен секретар Џон Саливан

ИЗВОРТелма
|

Руското министерство за надворешни работи реагира на изјавата на американскиот заменик државен секретар Џон Саливан за време на неговата посета на Скопје на 18 декември.

„Ние би сакале да го вратиме американскиот службеник во реалноста. Прво, “јасна волја на македонските граѓани” беше изразена со неуспешниот исход на референдумот во балканската република на 30-ти септември оваа година. Според неговите резултати, мнозинство од населението го отфрли наметнато од страна на САД влечење на Скопје во евроатлантските структури во замена за промената на државното име и откажувањето од националните интереси на земјата“, се наведува во реакцијата.

Според руското МНР американскиот амбасадор бил присутен во зградата на македонското Собрание за време на, како што потенцираат, скандалозното гласање на 19 октомври оваа година. Од министерството обвинуваат дека за да се обезбедат неопходните гласови за уставните измени биле користени валкани манипулации, поткуп и уцена на пратениците.

Според министерството, со безосновна антируска реторика, Вашингтон се обидува да го оправда мешањето во внатрешните работи на Македонија, да го легитимизира Преспански договор и да повлече уште една земја од Балканот во НАТО против волјата на граѓаните, како што бил случајот со Црна Гора во 2017 година.

Саливан порача дека не го изнанадува руското влијание во Макеоднија поврзано со договорот за името и дека Москва ќе направи се за да го поткопа процесот на спроведување на Преспанскиот договор.