Садри Алиоски: Ми требаа два часа да го смирам Џани

ИЗВОРСкопје24
|

Езџан Алиоски работеше со полна пареа цел месец за да и се стави на располагање на македонската фудаблска репрезентација, а откако го даде максимумот на двата квалификациски натпревари против Полска и Австрија, дефанзивецот се соочи со крајно непосакувана ситуација во родниот град.

Македонскиот репрезентативен лев бек во друштво на своето поблиско семејство доживеал вистинско понижување ова попладне во родниот Прилеп, каде што во ресторанот „Ла Страда“, откако му се приклучиле родителите, биле информирани дека за нив нема место, односно дека масите се претходно резервирани.

– Синот беше со два братучеди, проштаа низ чаршијата и решиле да седнат во ресторанот. Кога дојдовме ние со мајка му, почнавме да зборуваме на албански, и одеднаш дојде келнерот и ни рече дека масите се резервирани. Претходно не кажале такво нешто кога момчињата влегле и порачале пијалок. Џани беше многу навреден, ми требаа два часа да го смирам. Тој му кажа на газдата дека не е во право, дека тој играше за Македонија и со една нога. Ова се случува по втор пат, во 2018 година имавме исто искуство откако го пречекав Џани на аеродром,- изјави за „Дерби“ таткото на Езџан, Садри Алиоски.

Во телефонскиот разговор ова ни го потврди и Фикрет Алиоски, братучен на Езџан кој бил со нив во непријатниот момент.

– Џани е само неколку дена во годината во Прилеп, што се вели вчера дојде и утре си заминува на одмор. Денешната прошетка низ родниот град беше убава, но за жал сканда**т во ресторанот направи сите да се чувствуваме лошо. Да ни кажеа претходно дека нема место, во ред, но тоа се случи дури откако дојдоа родителите на Џани и откако почнавме да разговараме на мајчин јазик. Келнерот беше нељубезен, а потоа кога се појави и газдата му рековме дека не е во ред. На крајот тој ни рече да останеме, но веќе немаше желба и атмосфера за такво нешто,- дообјаснува Фикрет Алиоски, очевидец на сканд**от во Прилеп.

Извор: derbi.mk