Сахарска прашина ќе нè заплисне ноќеска и утре изутрина, најавуваат од УХМР.
– Има југозападни струења, а со тоа и траги на песок и прашина, па ноќеска и утре сабајле можно е врнежите да се со жолта боја. Тие не се опасни. Од среда не се очекуваат врнежи, а со тоа ни сахарска прашина, но може да има заматеност во атмосферата, која нема да може да се воочи поради и онака актуелната заматеност што е присутна кај нас. Инаку, јужниот и југоисточниот ветер ќе придонесе сахарската прашина да ја има повеќе во западните делови од земјата – вели Костадинка Арсовска, дежурен синоптичар во УХМР.
Како појава, прашината од Сахара ќе биде регионална. Утре и задутре се очекува прашината да стаса во Србија.
Во Европа прашината доаѓа од Алжир.
В четврток според синоптичарите ќе имаме сончево време со умерена облачност и максимални дневни 26 степени целзиусови.
За големиот празник Велики петок ќе не очекува слично време, односно сончево со умерена облачност и температури на воздухот кои ќе го достигнат маскималниот 27 степен целзиусов.