рипадничките на овој хороскопски знак копнеат по искрено партнерство, кое нивното срце најмногу го посакува. Доколку сакате да ги задржите покрај себе, мора целосно да им се посветите и искрено да ги сакате.
Тоа е – Вага!
На Вагата ѝ е потребен простор и слобода да биде онаква каква што е. Припадничката на овој знак никогаш нема да ви даде критика, сè до оној момент додека вистинскиот спектар на зборови не зазвучи реално во нејзиното срце. Таа добро размислува пред да ги изговори зборовите. Немојте да се изненадите доколку ви напише писмо. Интензитетот на нејзините чувства е голем. Таа ги сака зборовите, магијата што ја поседуваат, начинот на коишто можат да ја ослободат.
Поради тоа, доколку сакате да ја задржите жената Вага покрај вас, мора да прифатите дека зборовите ѝ се многу важни и ги користи како што сликарот ја користи четката за изразување на своите емоции на платното. Вагите не лажат и не се фалат, едноставно не се добри во тоа. Вашите зборови упатени кон неа никогаш не смеат да бидат празни. Тие презираат неисполнети ветувања.
Жената Вага е уметник и за да опстане во реалниот свет, таа мора да го пронајде својот начин на изразување. Потребни ѝ се предмети и звуци, мириси и текстури, кои длабоко во неа поттикнуваат чувства поради кои може да каже „Да. Тоа е тоа, сега е сè како што треба“. Доколку сакате Вага треба да знаете дека таа има потреба од својата уметност, како што вие имате потреба од воздух.
Таа го сака своето тело, но истовремено и го мрази. Но, вие мора да ја прифатите целосно, онаква каква што е. Гледајте ја во очи и смешкајте се. Вагите го обожуваат тој момент на интимност. Тргнете ѝ ја косата од лицето, за да можете подобро да ја погледнете. Морате да го допирате секој дел од нејзината кожа, како тоа да е прв пат. Таа копнее по вашите прегратки. Прегратките за неа се толку важни, како што е водата за цвеќето. Вагата сака романса. Нејзе ѝ се потребни бакнежи. Таа ќе одлета далеку за да го види светот, но потребен ѝ е топол дом за да има каде да се врати. Вагата често плаче, а вие нема да знаете што не е во ред. Разберете ја во тие моменти, кога едноставно солзите ѝ се слеваат по лицето поради наплив на тага предизвикана од тешкотијата на живеењето.
Тежината на нејзините стравови, нејзината љубопитност, нејзината емотивната страна, сето тоа на моменти ги поттикнува солзите да почнат да капат од нејзините очи. Вагите бараат време и простор за истражување и не постои ништо поубаво од жената Вага која го доживува светот. Таа гледа магија и во работите каде што никој друг не ја гледа. Верува дека постојат чуда и токму магијата ја води напред. Доколку сакате покрај себе жена Вага, морате да разговарате за љубовта, да дозволите таа да ве води, да ѝ дадете некаква форма, да ѝ дадете најголемо значење.
Тука лежи деликатната рамнотежа – вечната војна меѓу чувството на жестина против чувството на нежност. Вечниот обид за пронаоѓање на речиси невозможниот идеален баланс. За да го компензира недоволното себе познавање, таа ќе се обидува секогаш да им биде на услуга на другите. Таа секогаш дава сè од себе луѓето околу неа да се чувствуваат пријатно и секогаш се обидува да ги поправа ситуациите. Вагата, понекогаш знае да ги премине границите со нејзината грижа. Но, немојте да ѝ се лутите поради тоа, едноставно во нејзината природа е впишана потребата понекогаш да биде „жртва“ и да им угодува на другите.