Сакал да се самоповреди и нападнал полицаец- Уапсен скопјанец кој крадел велосипеди

|

32-годишен скопјанец кој крадел велосипеди во две скопски општини ќе се соочи со кривична пријава. Во полициска станица се заканувал дека ќе се самоповреди и нападнал полицаец.

По преземени мерки од страна на Одделението за криминалистички работи Кисела Вода ќе биде поднесена кривична пријава против Ф.М.(32) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека на 26.07 и 27.07.2023 извршил две кривични дела тешка кражба и кражба на велосипеди на подрачјето Кисела Вода и Аеродром. Со него бил извршен службен разговор во кој во целост ги признал начинот на извршувањето на кривичните дела, а одземените предмети биле вратени на сопствениците.

При извршување на службен разговор Ф.М. со штрафцигер се заканувал дека ќе се самоповреди, но бил спречен од полициски службеници, а притоа Ф.М. нападнал полициски службеник, соопшти полицијата.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.