Серијата „Клон“ пред 15 години беше хит низ целиот свет, вклучително и во Македонија. Приказната за еден млад човек, тајно клониран од неговиот кум, кој се в вљубува во убава Мароканка од строго семејство, ги држеше гледачите „ залепени“ на малите екрани.
Актерот Мурило Бенисио (48) ја толкуваше главната машка улога во серијалот, додека за неговата убавина се зборуваше широко, а многу припаднички на понежниот пол „паѓаа“ на неговиот физички изглед.
Немавме можност да го видиме бразилскиот актер во проектите на кои работеше после споменатата серија, затоа што тие не емитуваа со нас, но од фотографиите на социјалните мрежи, евидентно е дека тој многу се смени во периодот по „Клон“, и дека негува сосема поинаков имиџ.
Мурило често експериментира со изгледот, па веруваме дека малкумина би го препознале ваков. Инаку, Мурило има два сина и беше во љубов со главната актерка од серијата.