Сакате да станете оџачар во Скопје – Град Скопје ќе ви ја плати обуката и ќе добивате по 9 000 денари месечно

ИЗВОРСкопје24
|

Агенција за вработување на Република Северна Македонија објави Јавен оглас до евидентирани невработени лица за да се пријават за обука за побарувани занимања на пазарот на трудот – оџачар во Скопје.

Сите заинтересирани треба да се пријават во работните клубови на центрите за вработување каде што се евидентирани како невработени лица, до пополнување на бројот или најдоцна до 30.08.2019 година.

Обуката за оџачари ќе се спроведува од верификуван спроведувач на обука, а заинтересираните кандидати треба да се од Скопје и да се со завршено најмалку основно образование.

Обуката ќе се реализира во период од 3 месеци, а по завршување на обуката кандидатите ќе изведуваат секојдневна практична работа во реални услови кај работодавци во времетраење од еден месец. Доколку како спроведувач на обука се приватни компании (работодавци) практична работа во времетраење од еден месец може да се изведува кај истата приватна компанија (работодавец).

Лицата вклучени во обуката ќе добијат месечен надомест од 9.000,00 денари, со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионалнa болест и данок на личен доход за времетраењето на обуката.

Невработените лица кои ќе ја завршат обуката, практичната работа и успешно ќе го положат предвидениот испит, ќе се стекнат со Сертификат издаден од верификуван спроведувач на обука.

На корисниците на паричен надоместок и на корисниците на правото на парична помош од социјална заштита, за времетраење на обуката не го губат ова право.

Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор меѓу Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и селектираните кандидати.

Обуките ќе се спроведат доколку има доволен број пријавени кандидати и спроведувачи на обука.

Во обуките не може да учествуваат лица кои претходно биле вклучени во оваа мерка.

Заинтересираните невработени лица можат да поднесат Пријава во Центарите за вработување, секој работен ден од 9 до 14 часот. Детални информации можат да се добијат во работните клубови на Центрите за вработување, на контакт телефон 02/3111-850 како и веб-страниците на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија www.av.gov.mk и Министерство за труд и социјална политика на Република Северна Македонија www.mtsp.gov.mk