За сите оние кои оваа година летниот одмор планираа да го поминат на некоја од црногорските плажи, еве што треба да знаете:
На прв поглед се изгледа одлично: елитно одморалиште, море, плажа, базени, детски игралишта… Но, услугата под очекувањата. Гостопримството- задоволувачко.
Но, ова не важи за сите хотели, бидејќи Бечичи спаѓаат во едни од најлускузните летувалишта во Црна Гора, со врвни хотели наменети за богатите Руси, Французи, Германци…
Споредувајќи ја со Хрватска, цените се поприфатливи, бидејќи сепак се работи за хотелско сместување. Кафето е 2 евра, пиците од 7 до 8 евра, морските специјалитети од 20 до 60 евра.
Цените во Будва се малку повисоки. Ќебапите и плескавиците чинат од 6 до 8 евра, салатите 10 евра, рамстек 12 евра. Салата од октопод 10 евра. Риба со екстра квалитет 452 евра.
Кога се во прашање цените се зависи од плажите, лежалките чинат 5 до 8 евра, чадорите 4 евра, додека во поедини хотели можно е да се земе пакет од 8 евра во кој добивате 2 лежалки и чадор.