Чувствувам потреба да се олеснам и да откријам што ми се случи. Воедно ова сакам да го споделам со пошироката јавност за да биде поука за сите. Се надевам ќе ме разберете, сакам да останам анонимен сооглед на тоа што знаеме каде живееме, ќе ми се исмеваат и критикуваат доколку се дознае кој сум.
Со девојка ми сме во врска пет години, па решив дека е време за нов исчекор, да и понудам брак. Се мислев, премислував како и каде да го изведам тоа, па ми дојде идеја кој сакав и бев решен да ја реализирам. Без да наслутува дека и подготвувам такво нешто, заминавме на викенд во Златибор.
Тремата ме обземаше, како наближуваше моментот да клекна, така мојата збунетос беше се поголема. Додека се шетавме, на час пред да го направам потегот, ми се пресекоа нозете, ама буквално.
Девојка ми откри дека нејзините први братучеди ја поканиле да замине во Америка и да живее и работи. Во исто време ми рече дека прифатила и почнува процедура за виза, решена е да се исели. Ова значеше само едно, таа не планира иднина со мене, бар не во моментов.