Салата со макарони која е идеална за летните денови: Заситува, и лесна е за подготовка

|

Оваа салата со маракони освен што освежува, брзо се подготвува и заситува.

Макароните за кои не е потребно повеќе од 10 минути за да се сварат, се единствената намирница за која на кратко ќе мора да го вклучите шпоретот – сè останато подразбира сецкање, а потоа и уживање во оброкот.

Потребни состојки: – 250 гр. макарони – 180 гр. кисела павлака – 100 гр. мајонез – 1 свежа зелена пиперка – 100 гр. пилешки гради – 10 парчиња зелени маслинки – 50 гр. пченка од конзерва – сол и црн бибер

Начин на подготовка: Исечкајте ги пиперката и пилешките гради на ситни коцки. Исечкајте ги маслинките на половина, а потоа секое парче на три дела. Ставете сè во една чинија, па додајте ја павлаката, мајонезот и пченката и измешајте.

Макароните сварете ги во солена вода. Процедете ги и измијте ги под студена вода, па додајте ги во останатите состојки. Додајте сол, црн бибер и останати зачини по вкус и оставете салатата да се излади пред да ја ставите во фрижидер.