Направете вкусна празнична салата која ќе биде одличен избор за претстојните празниците.
Ова е сè што ви е потребно:
СОСТОЈКИ: 3 компири 3 моркови 3 варени јајца 300 гр Пекабеско грашок 6-7 кисели краставички 300 гр Пекабеско шунка 1 парче пилешко филе 300 гр мајонез 200 гр павлака малку сол НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Зеленчукот се вари во солена вода, па се лади и ситно се сече на коцкички. Сварете ги и излупете ги јајцата. Грашокот се вари според упатството на кесичката. Во истата вода сварете го и пилешкото филе. Во мајонезот се додава павлаката и малку сол па сè се меша. Се става во голем сад зеленчукот, па пилешкото ситно исечено, па исечканата шунка, па ситно сечените јајца и киселите краставички. На крај додадете ја смесата со мајонез и павлака.
Додадете малку сол, па измешајте и послужете. Може да декорирате со малку магдонос, јајца или моркови, како и со рендан кашкавал и сирење. На здравје и имајте среќни и весели празници!