|
Нема да се отстранат сите рестриктивни мерки одеднаш, дециден е министерот за здравство, Беким Сали.
Според него, во моментов доволно е тоа што маските во основните и средните училишта веќе не се задолжителни.
Во однос на имунизацијата, таа сè уште не е на задоволителното ниво затоа што ни половина од населението не е имунизирано смета Сали, но задоволен е што луѓе доаѓаат да се имунизираат во мобилните пунктови низ помалите населени места.