Шалтерите празни, вработените надвор: Административците и денеска не работат два часа

|

И денеска административците наместо на работа  излезгоа на протест пред институциите каде што работат.

Шалтерите и денеска два часа беа празни. Административците од 10 до 12 часот  беа надвор пред институциите.

Бараат сите вработени да ја земаат минималната плата која им следува со закон, но и да се усогласат и останатите плати со минималецот.

Велат дека во последните 10 години не им е покачена платата на државните службеници согласно покачувањето на минималната плата. Затоа бараат да им се исплати минималната плата и линеарно покачување на другите плати за 2.806 денари.