Познат бренд, еден од своите модели на мобилни телефони се одлучи да го престави на необичен начин.
Како што тврдат тие само 1% од луѓето може да ги видат сите 16 лица кои се наоѓаат на оваа фотографија.
Сликата се појавила во многу списанија и реклами како дел од промоција на телефонот кој има напредна можност за препознавање на лица. Ќе успеете ли да ги пронајдете сите 16 лица?
Доколку сакате загатки во продолжение еве уште една логичка задача која стави на мака голем број на луѓе кои се обидоа да ја решат. Навидум е многу лесна, но тоа ќе го сфатите дури откако ќе дојдете до одговорот.
Поврзана е со кофи и парички.
Имате две кофи со вода. Во првата температурата на водата е 25 степени Целзиусови, во другата 25 степени Фаренхајтови.
Се ставаат парички во двете кофи, истовремено, од иста висина.
Прашањето е: Која паричка прва ќе падне на дното од кофата?
Одговорот е подолу. Не го гледајте пред да се обидете сами да дојдете до него.
ОДГОВОР: Првата паричка прво ќе дојде до дното. Причината за тоа е што на 25 степени Целзиусови водата е во течна состојба, а на 25 Фаренхајтови водата се претвора во лед. Затоа, во втората, паричката нема да го допре дното.