Само 20% ја имаат оваа карактеристика – Ги прави луѓето да изгледаат прекрасно и попривлечно

ИЗВОРНов Лист
|

Оваа карактеристика се сметало дека е наследна, но современата наука вели дека не е баш така. Доколку имате дупчиња во образите кога ќе се насмевнете, вие припаѓате на многу уникатна и ретка група на луѓе. Само 20% од светската популација има дупчиња во образите.

Професорот Џон МекДоналд од Универзитетот во Делавер, смета дека дупчињата во образните сè уште претставуваат мистерија, и дека ако двајцата родители имаат дупчиња во образите, тоа не значи и дека нивното дете сигурно ќе ги има.

Оваа карактеристика најчесто ја забележуваме кога некој ќе се насмевне, како влабнатина во кожата на образот. Всушност станува збор за за природен дефект на големиот мускул во јаболчниците.

Во секој случај се работи за вистинска шармантна карактеристика, која прави овие луѓе да изгледаат прекрасно, слатко и ја прави нивната насмевка уште попривлечна.

Во 1936 година биле направени и машини за создавање дупчиња во образите, но како што можете да претпоставите, тоа било едно огромно промашување и за среќа веќе не постојат.

Оваа карактеристика се смета дека влијае и на карактерот на луѓето, односно се смета дека тие со дупчиња во образите се многу сочувствителни, истрајни и доверливи, а го живеат животот исполнето.