Промената на климата, односно, големите разлики во неа, доведе до куп комарци кои не нѝ даваат мир.
Луѓето на разни начини се борат против непријатните инсекти, а ако сакате да поминете евтино, направет домашен спреј.
Во што е тајната на оваа мешавина?
Иако не е докажано, се смета дека комарците не ги напаѓаат луѓето кои консумираат бел лук, бидејќи не можат да го поднесат неговиот мирис. Кога просторијата ќе ја испрскате со бел лук и вода, после само неколку минути непријатниот мирис вие нема да го чувствувате, но овие нападни и досадни инсекти ќе го почувствуваат и ќе бегаат од вас.
Состојки: бел лук и вода.
Подготовка: Згмечете пет чешниња лук и ставете еден литар зовриена вода, гответе некое време, па тргенете од оган. Кога ќе се излади течноста, истурете ја во шише со прскалка или некое друго старо шише од парфем.