„Само сакаме да ја премолчиме нашата болка“: Се огласи одбојкарот Кобиљски чија ќерка беше убиена во Србија

|

Српскиот одбојкар Драган Кобиљски за првпат проговори откако неговата ќерка беше една од деветте жртви на масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар.

Кобиљски и се обрати на јавноста преку објава на социјалната мрежа Фејсбук.

„Почитувани, ја цениме вашата желба да земете од таква трагедија барем порака за луѓето и општеството да се вратат на вистинските вредности и да застанат на патот на злото околу нас. Ние сме скромни луѓе кои само сакаме да ја премолчиме нашата болка. Ниту го сакаме, ниту се согласуваме со споменувањето на нашето дете повеќе од другите трагично загинати и тешко повредени деца, бидејќи сите тие се убави суштества, а родителската, братската и сестринската болка е иста во сите ожалостени семејства“, рече Кобиљски во објавата.

Коста К, ученик во седмо одделение во училиштето уби осум деца и еден обезбедувач во ОУ „Владислав Рибникар“.

Инаку, српскиот народ бара неговата ќерка Ема да се прогласи за народен херој затоа што му се спротиставила на убиецот и тоа го платила со својот живот, а спасила 7 деца кои се наоѓале на листата на Коста.