Само три состојки и без грам брашно: Рецепт за сочна чоколдна торта за кој нема да ви треба многу време

|

Доколку сакате да се засладите без премногу да ја извалкате вашата кујна и без да вложите многу труд, тогаш пробајте да го направите овој десерт.

Класичните чоколадни торти спаѓаат во омилените десерти ширум светот, а вообичаено овој кафеав колач се подготвува со помош на брашно.

Меѓутоа, тоа не мора секогаш да биде така затоа што има сè повеќе достапни брзи рецепти за чоколадни торти коишто се прават без грам брашно.

Состојки:
– 6/8 јајца;

– 230 грама путер;

– 450 грама темно чоколадо за готвење.

Подготовка:
Јајцата изматете ги со миксер (матете околу пет минути). Искршете ја чоколадата на парчиња и стопете ја со путерот со непрекинато мешање. Потоа додадете ја во смесата од јајца и продолжете да ја матите смесата со миксер.

Во сад за торти кој претходно сте го обложиле со хартија за печење, ставете ја смесата и печете во загреана рерна на 180 степени Целзиусови, најмалку половина час.

Кога колачот ќе биде готов, извадете го од рерна, па оставете да се излади.

Украсете по желба – со сезонско овошје, рендано чоколадо, кокосово брашно, па ставете го колачот во фрижидер да се излади убаво.

Откако ќе се излади, исечете го на парчиња, па послужете.

Пријатно јадење!