Само за мрзеливите: 8 итри трикови за како вашата кујна секогаш да биде блескава, без многу труд

ИЗВОРНов Лист
|

При целосното чистење на домот, најмногу време секогаш знае да одземе кујната, чие чистење може да биде навистина сложено, но и непријатно. За таа цел, денес ви откриваме 8 практични и лесни трикови како да ставите крај на овој проблем.

Како брзо и лесно да ја исчистите кујната, без многу труд

1. Наместо да мора да купувате нов џогер или постојано да чистите со стариот и веќе нефункционален, на истиот само одозгора вметнете памучни чорапи, со кои ќе обновите неговата практичност.

2. За лесно да го исчистите садот за печење од остатоци од тесто, едноставно врз неговата површина нанесете сол, а потоа избришајте со хартиена крпа.

3. Колку и чудно да звучи, но блескавоста на шпоретот може многу брзо да ја вратите со помош на крпа потопена во масло, а потоа само избришајте со сува крпа и готово.

4. За да ги исчистите масните дамки од било вашиот мебел, едноставно употребете раствор од 1 супена лажица сода бикарбона, 2 супени лажици оцет и 1 супена лажица прашок за перење, растворени во мало количество на врела вода. Нанесете го растворот врз дамката, повторно нанесете малку сода бикарбона и потоа исчистете со правосмукалка.

5. Сте заборавиле да ја кренете тавата од оганот? Без грижи, едноставно исипете врела вода во садот, додадете 1 шолја оцет и оставете ја смесата да се вари. Потоа исклучете ја ринглата и додадете 1 супена лажица сода бикарбона. Штом ќе настане реакција, излејте ја течноста и отстранете ги остатоците со сунѓер.

6. Стаклените чаши ќе добијат блескав изглед доколку ги измиете со растввор од вода и оцет, а потоа ги исплакнете со ладна вода.

7. Керамичките шолји ќе ја вратат нивната бела боја, доколку ги потопите во раствор од оцет и вода и ги оставите во истиот да отстојат 1 час. Потоа едноставно исплакнете со ладна вода и добро избришајте ги.

8. Не брзајте да го фрлите сунѓерот со кој претходно сте чистеле тврдокорни масни дамки. Едноставно растворете 1 супена лажица сол во чаша вода и потопете го сунѓерот во истата, да отстои во текот на целата ноќ.