Секој човек е уникатен на свој начин, а некои имаат способност да направат нешто што повеќето не би можеле. За ваквите луѓе се вели дека се исклулително посебни, но дел од работите пак и можат да се научат со постојано вежбање и пробување. Brightside објави седум едноставни работи што многу мал дел од луѓето во светот можат да ги направат. Проверете дали сте и вие еден од нив:
1. Виткање на палецот на двете страни – На некои луѓе зглобот на палецот им овозможува да можат истиот да го виткаат на двете страни. Некои можат тоа да го прават со двата палци, додека за други оваа опција постои само за едната рака.
2. Допирање на носот со јазик – Најголемиот дел од луѓето не можат својот јазик да го испружат толку далеку. Според бројките, само 10% од светскта популација може да го допри врвот од носот со својот јазик. Дали вие спаѓате во таа бројка?
3. “Пукање” плунка – Секој може да плукне, но ретко кој може да ја “испука” млаз плунка од устата.
4. Кивање со отворени очи – Постојат нерви кои ги поврзуваат носот и очите, и поради тоа кога киваме автоматски ги затвараме очите. Постојат луѓе кои “пркосат” на ова и можат да кивнат со отворени очи.
5. Движење на екстремитетите во спротивна насока – Обидете се да ја подигнете десната нога и почнете да ја ротирате надесно. Сега истовремено обидете се да го напишете бројот 6. За ова не ви треба молив и хартија, туку само со раката во воздух пробајте да ја напишете. Повеќето луѓе нема да забележат дека нивната нога несвесно почнала да циркулира во спротивната насока. Добрата веста е дека ова лесно можете да го научите доколку редовно го вежбате.
6. Врзување јазик – Врзувањето на јазикот е прилично честа појава, но голем дел од луѓето не можат да го направат.
7. Движење на средниот прст без поместување на останатите прсти – Повеќето луѓе не можат да го поместат средниот прст, а тоа не доведе до поместување на останатите прсти или малиот прст.