Пејачката Сандра Африка откри дека добила понуда да влезе во реалното шоу за голема сума пари.
Пејачката плени со својот глас и е една од најпосакуваните жени на естрадата.
Познато е дека Сандра заработува неверојатен бакшиш на своите настапи, но одби една деловна понуда, во која би заработила неверојатна сума на пари.
Гостувајќи во емисија пејачката откри дека еднаш добила понуда да влезе во реално шоу, иако и биле понудени многу пари, таа решила да одбие.
– Не би влегла во реалното шоу. Ни за милион евра. Не затоа што не би знаела што да покажам пред камера, туку едноставно мислам дека тоа не е за мене. Немам поим… – рекла Сандра, и ја открила главната причина за одбивањето на ваквата понуда:
– Да, добив понуда секако. Бидејќи работам нон-стоп, не можев без мојата работа. Не можев без мојот секојдневен хаос. Сето тоа би ми недостигало, па не би се сложувала таму во таа смисла. На крајот на краиштата, мислам дека таму би ми било досадно.