Сандра Африка проговори за својот приватен живот, па и за бурната врска со Владимир Волков за која долго се зборува.
На прашањето дали е сеуште со Волков, Сандра за „Pink“ кажа се што и лежи на душата.
-„Не знам, раскинуваме, се смируваме, па повторно раскинуваме. Јас сум девојка која некои работи не може да ги толерира. Многу девојки има околу него, јас тоа не можам да го поднесам. Тоа што го имам сакам да биде само мое. Единаесет години бев во врска и немав вакви проблеми. Не сум од оние девојки кои ќе седат дома и ќе зборуваат како не ги интересира каде е нивниот партнер и со кого. Немав некоја голема причина за крај, затоа и се смирувам секогаш. Тоа се само некои пораки, го замараат, а он како и секое машко им одговара. Секоја порака до сега ме заболела. По мене, требало да игнорира ако е веќе со мене“- зборува Сандра.
Таа исто така истакна и дека сака да се оствари во улогата на мајка. Но сепак за да дојде до тоа многу работи треба да се променат и вклопат, заедно со партнерот да доживеете многу нешта, за тоа да се случи.