САЊА КОНЕЧНО ПРОГОВОРИ ЗА ОДНОСОТ СО ФУДБАЛЕРОТ: Коментираше за нивната фотографија

ИЗВОРНов Лист
|

Веќе извесно време сите медиуми пишуваат за наводната врска на пејачката Сања Вучиќ и фудбалерот Немања Гудељ.

Приказните дополнително ги подгреа и самата „Ураганка“ кога на Инстаграм објави фотографија со Немања преку која му честита роденден.

Сепак, како што кажа таа, таа фотографија е направена многу порано.

– Не е фотографија од прославата на неговиот роденден, туку наша заедничка слика од летово кога бевме на забава. Тој е човек кој си отиде дома по натпреварот, не знам каде, но не се видовме по натпреварот – изјави пејачката.

– Мислам дека бевме оштетени во играта, но јас и Немања не зборувавме за тоа. Само му честитав затоа што после два дена му беше роденден, толку. Навистина немавме подлабоки разговори за играта бидејќи јас сум лаик и не се разбирам од фудбал. Видов само дека имаш неколку голови – додаде Сања со насмевка.