Вчера многу медиуми објавија за наводната врска на пејачката Сања Вучиќ и црногорскиот спортист и модел Бошко Радуловиќ.
Сања потоа проговори и рече дека двајцата биле само пријатели.
„Го познавам Бошко преку пријател, а случајно разговаравме по емисијата во која тој беше учесник. Не се појавив со него. Деновиве кога ќе застанам да разговарам со маж, се шпекулира дека сме заедно“, изјави таа.
Меѓутоа, Радуловиќ во својот одговор на прашањето само дополнително ги подгреа овие тврдења во врска со Сања.
„Не сакам да давам никаков одговор на сите прашања во врска со односот меѓу мене и Сања, прво затоа што не одговара на џентлмен, второ затоа што јас сум изградена личност на секое поле и не сакам никаков рејтинг над никого“, рече Бошко.
„Како и да е подобро да ја прашате“, заклучил тој за странскиот медиум, избегнувајќи директно да каже дали е во врска со пејачката или не.