Санкционирани 206 непрописно паркирани возила од Општина Центар

ИЗВОРНов Лист
|

Во извештајот за минатата недела, од 2 до 8 ноември, санкционирани биле 206 непрописно паркирани возила, кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, информираат од ЈП Паркинзи на Општина Центар.

ЈП ПОЦ со специјалните возила “Пајак” отстраниле 119 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор” санкционирани 87 возила, кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот каде што се паркирале.

Од ЈП Паркинзи на Општина Центар нагласија: За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.